Nilego® HYDROSTOP (ТЕЧНА ГУМА)
Nilego® HYDROSTOP (течна гума)
Eластична хидроизолација
Nilego® Hydrostop (течна гума / tecna guma) е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, бањи, темели, базени, фонтани, балкони, и било кои други бетонски површини. Nilego® Hydrostop (течна гума) е многу еластична, трајна, водоотпорна и декоративна во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. Може да се аплицира пред лепење на керамички плочки како и врз нив.
Особини: Филмот што го формира Nilego® Hydrostop (течна гума) е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со течна гума се рамни, без споеви и фуги. Производот може да се пигментира.
- Nilego® Hydrostop е сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
- Најлесен и најдобар начин да ги решите проблемите со протекување на вода ТРАЈНО!
- Прави заштитен слој кој е 100% водоотпорен, штити од корозија, има 100% UV заштита и е 100% отпорен на пукнатини!
- Отпорна на температури од -35º C до 80º C.
- Површините премачкани со Nilego® Hydrostop се комплетно отпорни на дожд, град, снег, сонце, ветер, влага, воздух, UV зраци и други атмосферски влијанија.
- Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност.
- Лесно се нанесува, со четка или ваљак.
- Широка примена кај рамни кровови, базени, купатила, тераси, подруми, темели и многу повеќе.
- Има трајна еластичност.
ПРИМЕНА:
● Хидроизолација на: кровови, подови, балкони, базени, бањи, фонтани и многу повеќе.
● Поправка и реновирање на стари водоотпорни облоги, вклучувајќи ги и битуменски материјали.
● Заштита на хидроизолација на подземни делови од згради, керамички плочки, околу прозорец, оџаци, итн.
● Заштита од влага на метални површини (алуминиум, бакар, поцинковани, итн).
НАЧИН НА РАБОТА:
Подлогата на која се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) мора да биде чиста и сува со максимална влажност од 8% – 12%, доколку бетонската подлога е испукана, пукнатините треба да се пополнат или целата површина да биде глетована (со лепак за надворешни услови). Подготвената површина за третирање со Nilego® Hydrostop (течна гума) (пред употреба да се промеша) најпрвин се премачкува со основа “Nilego® POLIGRUND” за подобра лепливост кој треба целосно да биде исушен (минимум 8 часа).
По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) – парцијално метар по метар и веднаш на првиот метар додека течната гума е мокра се поставува полиестерско платно за армирање и врз платното се нанесува уште еден слој Nilego® Hydrostop (течна гума) се додека платното целосно не биде покриено. Се остава да се суши минимум 8 часа и потоа се нанесува уште еден слој на Nilego® Hydrostop (течна гума) – завршен слој односно по следниот технолошки ред:
1. Нанесување на хидроизолационен слој основа “Nilego® POLIGRUND”
2. По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop (течна гума) – парцијално метар по метар и веднаш на првиот метар додека течната гума е мокра се поставува полиестерско платно за армирање и врз платното се нанесува уште еден слој Nilego® Hydrostop (течна гума) се додека платното целосно не биде покриено.
3.Нанесување на последен завршен слој на Nilego® Hydrostop (течна гума).
ВНИМАНИЕ! Завршниот слој се нанесува по сушење на претходно нанесените слоеви на Nilego® Hydrostop (течна гума). Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C и изведба во зимсики услови и голема влажност на воздух. Рок на траење: 1 година во оригинална неотворена амбалажа.Не се препорачува чување подолго време на сончева топлина.Производот не смее да замрзне.
Потрошувачка: 1кг./м2 на идеална површина (сува и мазна).
ПАКУВАЊЕ:
Nilego® HYDROSTOP (течна гума): 1кг. 5кг. 10кг. и 20кг.
Nilego® POLIGRUND (основа): 1л. и 5л.