Nilego® HYDROSTOP TRANSPARENT (ТЕЧНА ГУМА)

Nilego® HYDROSTOP TRANSPARENT (течна гума)

Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума / tecna guma) е специјална заптивна емулзија за ѕидови, рамни кровови, подруми, бањи, темели, базени, фонтани, балкони, и било кои други бетонски површини. Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) е многу еластична, трајна, водоотпорна и декоративна во исто време. Може да се употребува внатре и надвор, на стари и нови површини. Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност. Се аплицира врз: малтер, цигли, натур бетон, гипс, стакло, дрво, иверица, метал и др. 

Особини: Филмот што го формира Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) е комплетно отпорен на надворешни влијанија во подолг временски период. Површините премачкани со течна гума се рамни, без споеви и фуги.

  • Nilego® Hydrostop е сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
  • Најлесен и најдобар начин да ги решите проблемите со протекување на вода ТРАЈНО!
  • Прави заштитен слој кој е 100% водоотпорен, штити од корозија, има 100% UV заштита и е 100% отпорен на пукнатини!
  • Отпорна на температури од -35º C до 80º C.
  • Површините премачкани со Nilego® Hydrostop се комплетно отпорни на дожд, град, снег, сонце, ветер, влага, воздух, UV зраци и други атмосферски влијанија. 
  • Идеалена е за површини со пукнатини поради својата еластичност.
  • Лесно се нанесува, со четка или ваљак.
  • Широка примена кај рамни кровови, базени, купатила, тераси, подруми, темели и многу повеќе.
  • Има трајна еластичност.

ПРИМЕНА:

🔹 Сертифициран производ како траен премаз за хидроизолација со врвен квалитет и гаранција!
🔹 Се користи за поправка, заштита и хидроизолација.
🔹 Лесно за работа – се премачкува со четка или ваљак.

🔹 Производот има широка примена кај кровови, олуци, производи од дрво, подруми, бањи, тераси и многу повеќе.

НАЧИН НА РАБОТА:

Подлогата на која се нанесува Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума) мора да биде чиста и сува со максимална влажност од 8% до 12%. Подготвената површина за третирање со Nilego® Hydrostop Transparent се премачкува со основа “Nilego® POLIGRUND” за подобра лепливост, кој треба целосно да биде исушен (минимум 8 часа). По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува Nilego® Hydrostop Transparent (течна гума). Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C и изведба во зимски услови и голема влажност на воздух. Рок на употреба: 1 година во оригинална неотворена амбалажа. Не се препорачува чување на сончева топлина. Производот не смее да замрзне.

Потрошувачка: 1кг./м2 на идеална површина (сува и мазна).

#nilegoproducts

Сакате да дознаете повеќе за нашите производи или имате било какви прашања?