beton kontakt
Nilego® BETON KONTAKT – СТРУКТУРНА ПОДЛОГА ЗА БЕТОНСКИ ПОВРШИНИ
Nilego® БЕТОН КОНТАКТ – структурна подлога за бетонски површини. Се користи како сврзен мост на рамни бетонски површини и како подлога (прајмер). Карактеристики: Создава јакост на адхезија, ја намалува способноста на апсорпција на вода на површината, ја зголемува способноста за лепење на малтерот. Ја неутрализира Рн вредноста. За внатрешна и надворешна употреба.
- Погоден за апликација врз: бетон, гипс, гипс-картон, малтер, вар и др.
- Упатство за работа: Пред употреба се проматува со ел.миксер со мал број на вртежи.
- Бетоните да бидат стари најмаку 28 дена. Содржината на влага на подлогата мора да биде помала од 10%.
- Површината претходно мора да биде темелно очистена, обеспрашена, обезмастена и сува.
- Се аплицира на температура од +5°C до +30°C во еден слој. Се аплицира со ваљак, четка според потребите.
- Време на сушење: на собна температура од 4-5 часа при температура од 20°C.
- После работа приборот веднаш да се измие со вода.
- Разредување: производот не се разредува со никаков тип на разредувачи. По потреба се разредува 10-15% со вода.
- Заштита при работа: При работа се препорачува користење на лична заштитна опрема, според законските прописи во државата каде се користи овој производ. На кожата и дишните патишта нема штетни влијанија.
- Чување: Во оригинално пакување. На температура од +5°C до +35°C. Да не се чува изложено на сончева топлина и да се избегнуваат извори на топлина. Производот не е резистентен на ниски темепратури (замрзнува).
- Потрошувачка: Во зависност од рапавоста на површината, од 200-250гр./м2.
- Рок на траење: 1 година во оригинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена.
ПАКУВАЊЕ:
Nilego® BETON KONTAKT: 1кг. 5кг. 12кг. и 20кг.