HYDROSTOPMAL A+B

Nilego® HYDROSTOPMAL A+B
Двокомпонентна полимерна смеса за хидроизолациjа

Nilego® HYDROSTOPMAL A+B е двокомпонентна полимерна хидроизолациона смеса за ѕидови, рамни кровови, подруми, купатила, темели, базаени, фонтани, балкони, резервоари и било која друга бетонска површина. Филмот добиен со Nilego® HYDROSTOPMAL A+B е траен и водоотпорен.

ОСОБИНИ:
Премостува пукнатини, отпорен е на мраз, економичен, не е токсичен, лесен за работа, еластичен, го штити бетонот од вода и влага, двокомпонентен производ, одлично се врзува со подлогата, не содржи хлориди и не е запалив.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Изглед: А компонента е сив прашак, Б компонента е бела течност.
  • Специфична тежина: 1,15-1,20гр./см3
  • Време на сушење: при температура од 200С е 2-3 часа, додека за целосно сушење потребни се од 24-48часа.
  • Производот е еколошки, на водена база, не е токсичен и не е запалив.
  • Одлично е издржлив на временски неприлики
  • После негово потполно сушење, е со постојано и долготрајно дејство.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА:

Подлогата пред нанесување на „Nilego® HYDROSTOPMAL“ мора да биде чиста, без прашина и маснотии, препорачливо е да биде премачкана со „Nilego® POLIGRUND“ за подобра лепливост. ПОДГОТОВКА НА „Nilego® HYDROSTOPMAL“: Компонентата Б (бела течност) се додава во компонентата А (сив прашок) со непрекинато мешање со електричен миксер од 300-350 вртежи. Смесата е готова кога е комплетно хомогенизирана. Се нанесува на што е можно по сува со четка или ваљак во два до три слоја во зависност од потребата и намената.Секој следен слој се нанесува кога претходниот е потполно сув. Додека не е потполно сув не смее да дојде во контакт со вода или друга течност. Вкупната дебелина на слојот изнесува 1-2мм. При евентуални оштетувања на премачканата површина, истата едноставно повторно премачкајте ја.Изведба на „Nilego® HYDROSTOPMAL“ се врши исклучиво на температури од +5°C до +35°C и не се препорачува да се работи вон овие температури. По потреба може да се армира со стаклена мрежичка, микрофиберни влакна или полиестерско платно на ивици и спојки. Приборот и рацете се мијат со вода.
Рок на траење: 1 година во оригинална неотворена амбалажа како и добро ускладиштена во простории со температури од +5°C до +35°C. Не се препорачува негова изложеност на сонце подолг период. Производот не смее да замрзне.

Потрошувачка: Во зависност од потребата и рапавоста на површината, потрошувачката е од: 2-2,5кг/м² (при процедни води и влаги) и од 3-4кг./м² (при зголемен воден притисок).

#nilegoproducts

Сакате да дознаете повеќе за нашите производи или имате било какви прашања?